Лидерот на опозицијата го критикува премиерот кој соопшти дека С Македонија искажала спремност да прифати цивили од Авганистан
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го обвини премиерот Зоран Заев дека не способен да обезбеди грижа за нашите, а не за грѓани од трета држава, откако тој соопшти дека С Македонија покажала спремност да прифати цивили од Авганистан.
„Зоран Заев не е способен да обезбеди грижа и заштита за нашите граѓани, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји. Македонија е една од најсиромашните земји во Европа, во една ваква ситуација, добро е да видиме пример на солидарност од побогатите земји од нашата Македонија, со пример да покажат вредности, да прифатат бегалци од Авганистан, а не со тапкање по рамо. После да размислуваме дали и кој ќе го плати…, инаку да потсетам и ова нели беше во главата на вмровците“,
напиша Мицкоски на Фејсбук.