Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вторпат денеска побара оставка од претседателот на Владата, Зоран Заев.
Тој се огласи со нов коментар на својот профил на Фејсбук по изјавата на премиерот дека е разочаран од бегството на Сашо Мијалков.

„Заев, доста беше, кога ти си разочаран, Македонија глава ја боли… давај си оставка, не се резили дополнително!“,
пишува Мицкоски.