Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја обвини власта дека за ништо не ја консултира опозицијата додека најавува најразлични мерки за стопанството.
„Подготвувале петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата, стопанството чека средба. Нема реализација на капитални инвестиции, нема нови болници, нема компјутер за секој ученик, нема помош за земјоделците, но затоа има картички и ваучери. Избори се ближат, па треба да поткупуваат и крадат. Толку знаат и можат. Да не биде после лелекање по амбасади дека опозицијата блокира“,
напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Подготвувале петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата,…
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, January 19, 2021
Лидерот на опозицијата од вчера се наоѓа во мини турнеја низ неколку европски држави каде на власт се сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ . Вчера тој се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а денеска ќе оди во Словенија на средба со Јанез Јанша. Следните денови ќе ја посети и Хрватска.
Пред заминувањето, во интервју за Дојче веле, Мицкоски рече дека секоја средба има своја цел, но заедничко е тоа што на овие средби отворено ќе разговараат за блокираната европска перспектива на Македонија и за можноста тие да помогнат за придвижување кон европската иднина.