Во првите 100 дена очекувајте 3 големи мултинационални компании кои ќе ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, со илјадници нови вработувања.
Вакво ветување вечерва од Струмица даде Христијан Мицкоски.
„Тие се договорени веќе“,
рече Мицкоски.
Зборувајќи за економијата тој пред струмичани вети и дека во земјава ќе има најнизок данок во Европа од 8 проценти.
„Ќе имаме повисоки плати за 25 проценти од тоа што е денес, ќе имаме повисоки пензии за достоинствен пензионерски живот од 20 проценти. Враќање на старото законско решение. Имаме 1 000 километри нови и реконструирани патни правци регионални и локални. Ќе имаме повеќе од 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции, ќе имаме повеќе од 640 милиони евра за земјоделците редовни субвенции, а не субвенции поради уцена пред избори“,
рече Мицкоски зборувајќи за економската програма на ВМРО-ДПМНЕ.