Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ниту тој ниту партијата немаат никаква врска со случајот „Плацови на Водно“ и рече, доколку е точно кажаното во сведочењата тогаш е згрозен
Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ не сме поврзани со случајот „Плацови на Водно“,тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во интервју во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, на прашањето за сведочењата, Мицкоски рече дека доколку тоа е точно, тогаш е згрозен.
„Јас немам потреба да го губам ниту своето време, ниту пак, раководството на ВМРО-ДПМНЕ да губи енергија како што велите вие да се амнестира. ВМРО-ДПМНЕ е реформирано, со јасна политичка матрица, ВМРО-ДПМНЕ излезе на неколку изборни циклуси, на последниот изборен циклус на два пати го декласираше политичкиот противник СДСМ. Тоа се млади, амбициозни и чесни луѓе кои што се фатија за решавање на проблемите во најтешкото, не само за партијата, туку и за државата, и јас сум горд за нив“,
потенцира Мицкоски.
Исто така, рече дека жали што Груевски не е овде за да се слушне и неговото мислење во однос на ова обвинение.
За односите со поранешниот лидер на партијата рече дека не нема никаков контакт со него, односно дека последната средба била пред пет години.
„Не сум имал никаков контакт пет години, ни директен ниту индиректен“,
рече Мицкоски.