И покрај пријавата во МВР дека 80-годишниот Перев на 21 ноември бил физички нападнат во маркет во Скопје, премиерот тврди дека таков напад не се случил. Говорејќи во оваа насока, премиерот обвини за конструкции и инженериг од страна на Бугарија, оценувајќи дека тоа не е ништо ново
Апсолутно отфрлам дека каков било напад е направен врз ова лице – изјави премиерот Христијан Мицкоски говорејќи за нападот врз ексновинарот и публицист Владимир Перев, кој е деклариран Бугарин од земјава.

И покрај пријавата во МВР дека 80-годишниот Перев на 21 ноември бил физички нападнат во маркет во Скопје, премиерот тврди дека таков напад не се случил. Говорејќи во оваа насока, Мицкоски обвини за конструкции и инженериг од страна на Бугарија, оценувајќи дека тоа не е ништо ново.
„Некој може да накисне на дождот надвор и тоа да биде хибриден напад од страна на Владата со кој се загрозува интегративниот процес. Ако некој одлучил да се самоповреди и тоа да го прикаже како хибриден напад или не знам каков напад, тоа е друга работа. Не очекувајте дека ние ќе имаме црвен тепих и дека нема да се прават конструкции и инженеринг. Тоа е тоа, ние навикнати сме на тоа. Инаку, апсолутно отфрлам, а и имав консултации во текот на вчерашниот ден, дека каков било напад е направен врз ова лице“,
изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
Премиерот беше прашан да ги коментира реакциите на МНР на Бугарија и на бугарскиот претседател Румен Радев кои по објавата за нападот на Владимир Перев побараа институциите во земјава да спроведат ефикасна истрага.
Нападот на Перев е евидентиран и во билтенот на МВР од 21 ноември во кој се наведува:
„На 21.11.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, В.П. (80) од Скопје пријави дека во 21:05 часот во маркет на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
