Св. Климент е дел од нашиот идентитет и значаен темел на нашето постоење, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитката по повод денешниот празник „Св. Климент Охридски“.
Во честитката тој ја напаѓа и власта дека тргува со ликот и делото на Свети Климент.
„Св. Климент е еден од неколкуте наши знаменити личности кои оставиле светски белег и е вграден дел од нашиот идентитет како народ и земја, истиот оној кој денешната власт како неразбрани трговци го тргуваат, преговараат, се откажуваат. Тие кои се одрекуваат од нашите великани, и го понижуваат нашиот народ се понижуваат себе си, го валкаат нашето цивилизациско право да се повикуваме на нашите темели и она што сме како народ и земја“,
обвинува Мицкоски.