Првата делница е од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром до центарот на Скопје, односно до главната железничка станица. Втората, од Миладиновци преку Илинден и Маџари до главната железничка станица, а третата од централната железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче Петров до Волково
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека проектот „Градски воз“ ќе се реализира во три фази, а првата е веќе отпочната.

Според него, овој проект е важен за приградските населби и за општините до центарот на Скопје.
„Првата фаза веќе е отпочната, а тоа е реконструкција на пругата и електрификација. Ќе сообраќа електрична локомотива, електричен воз. Вредноста на проектот е 360 милиони денари“,
кажа тој.
Со трите делници од проектот, како што рече, очекува драстично да се намали користењето на патнички моторни возила.
Првата делница е од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром до центарот на Скопје, односно до главната железничка станица.
Втората делница е од Миладиновци преку Илинден и Маџари до главната железничка станица.
Третата делница е од централната железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче Петров до Волково.
Ова отприлика ќе биде рутата на градскиот воз, посочувајќи дека на тој начин ќе се растовари сообраќајот во Скопје.
„Голем број жители на општините околу Скопје и приградските општини ќе можат да ги користат овие линии. Ќе бидат навистина брзи, удобни и очекувам драстично да се намали користењето на патничките моторни возила и повеќе да се користи градскиот воз“,
кажа тој.
Со проектот „Градски воз“, како што рече директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски во ноември минатата година, од железничката станица во селото Зелениково до таа во центарот на Скопје ќе се стигнува за 25 минути.
Од станицата во Драчево до главната железничка станица во градот, пак, ќе бидат потребни од 11 до 13 минити.
