Повикувајќи се на примерот на тие што се вратиле, а од кои дел беа присутни на денешниот настан, Мицкоски рече дека од форумот испраќаат порака до сите луѓе родум од Македонија дека вратите се отворени и дека земјава нуди можности да се биде дел од нешто поголемо. Рече дека не ветуваат лесен пат, но нудат смисла, како и шанса трудот да не биде само личен успех, туку придонес за заедницата и за иднините генерации
Ни треба секој Македонец кој сака да придонесе. Ни треба секој што научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на „Форумот на повратници“ што денеска се одржа во Владата.

Пред присутните на настанот, тој порача дека вратите на земјава се отворени за сите нејзини државјани кои изминатите години решиле да заминат во странство во потрага по подобар живот.
Мицкоски рече оти ја разбира нивната мака и тешките одлуки што ги донеле, но исто такa знае и дека колку човек и да оди далеку, срцето секогаш го влече назад.
„Знаеме дека многумина заминаа, затоа што немаа избор. Затоа што сакаа подобро образование за своите деца, посигурна работа, достоинствена плата, стабилен живот. И тоа е нормална човечка потреба. Тоа е борба за иднина. Но исто така знаеме и нешто друго. Дека колку и да оди човек далеку, срцето секогаш го влече назад. Затоа што, како што мудро вели нашиот народ – каменот тежи на своето место. Каде и да одите низ светот, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци“,
рече премиерот.
Повикувајќи се на примерот на тие што се вратиле, а од кои дел беа присутни на денешниот настан, Мицкоски рече дека од форумот испраќаат порака до сите луѓе родум од Македонија дека вратите се отворени и дека земјава нуди можности да се биде дел од нешто поголемо.
Рече дека не ветуваат лесен пат, но нудат смисла, како и шанса трудот да не биде само личен успех, туку придонес за заедницата и иднините генерации.
„Домот не е совршен. Домот се гради. Се поправа. Се унапредува. А нашата заедничка Македонија денес е токму тоа – дом што се гради и во кој има место за сите свои луѓе. Вие сте доказ дека може. Вие сте пример дека враќањето е сила. И вие сте гласот што најдобро може да им каже на другите – дека каменот, кога ќе се врати на своето место, тежи најмногу“, кажа премиерот.
кажа премиерот.

Говорејќи пред присутните, тој претходно во обраќањето кажа дека денес зборува пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество и кои ја знаат татковината и одвнатре и однадвор.
Порача дека нивното враќање не е симболично, туку порака дека Македoнија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува, без разлика на годините и далечината.
„Луѓе кои заминале, не затоа што сакале да ја напуштат татковината, туку затоа што животот, времето и околностите ги натерале да бараат подобри услови, сигурност и перспектива. И најважно – луѓе кои се вратиле и тука започнале нова, успешна приказна“,
кажа премиерот.
