Тој додаде дека единствениот услов на Владата се однесувал на делот кај што ги регулира платите во Општиот колективен договор потпишан од сегашното раководство на ССМ и поранешната министерка за социјална политика и труд кој е нејасно напишан и може да се толкува различно
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 говорејќи за барањата на синдикатите за повисоки плати откри дека по истиот принцип како што од самиот почеток на оваа Влада се потпишале колективни договори со синдикатите во образованието и во здравството, се зголемиле платите во МВР и Одбрана и се интервенирало во примањата на вработените во центрите за социјални работи, се воделе преговори и за зголемување на платите на административните службеници за 8 отсто годишно или реален раст за 40 отсто за 4 години, но истите преговори со репрезентативните синдикати пропаднале бидејќи, како што рече, некој бил политички заробен.

„Кога сето ова ќе се изанализира, повеќе од 90-тина проценти од вработените на коишто условно кажано им е работодавач Владата имаат колективен договор со Владата во период од четири години заклучно со 2028 година. Зошто 2028? Затоа што ние не сакавме да преземаме обврски за денот по нас. Ние сакавме кога ќе заврши мандатот на оваа Влада, до тука. Доколку ние бидеме следна Влада и потоа, тогаш ќе правиме нов колективен договор. И ни остана уште колективниот договор со административните службеници. Тоа се отприлика 7 700-7 800 вработени на коишто условно кажано Владата им е работодавач и тие се дел од тие административни службеници. Ние понудивме договор. Доаѓаа двата репрезентативни синдикати односно гранките на тие два репрезентативни синдиката доаѓаа и се договаравме. Нашиот последен предлог којшто го ставивме на маса беше платите на административните службеници, покрај тоа што законски мора да се зголемуваат согласно и пропорционално на зголемувањето на минималната плата, да се зголемуваат секоја година плус 8 проценти. Тоа значи да речеме, ако е 100 пари просечната плата на административните службеници, таа се зголемува за минималната плата износот, еве да речеме 2 илјади денари или 20 парички. Тогаш ќе биде 120 парички и ова се зголемува за 8 посто и така во 2026, а истиот принцип и во 2027 и 2028 година или тоа би значело за 40 отсто зголемени плати“,
потенцираше Мицкоски.
Тој додаде дека единствениот услов на Владата се однесувал на делот кај што ги регулира платите во Општиот колективен договор потпишан од сегашното раководство на ССМ и поранешната министерка за социјална политика и труд кој е нејасно напишан и може да се толкува различно.
„Имавме еден услов. Општиот колективен договор, делот којшто ги регулира платите е нејасно напишан, потпишан од сегашното раководство на ССМ, од сегашниот претседател на ССМ со поранешната министерка во Министерството за социјална политика и труд, како што се викаше порано но, тој е истечен. Бидејќи, а сме се согласиле на тие состаноци и со нив дека тој дел е нејасен, може да се толкува и вака и така, да потпишеме колективни договори на ниво на гранка или на институции во коишто ќе кажеме дека тој дел на општиот колективен договор коишто ги регулира платите не важи. И така општиот колективен договор е истечен, за волја на вистината во преодните завршни одредби стои дека, до донесување на новиот и покрај тоа што овој општ колективен договор е истечен, останува во функција. Ние предложивме овој дел што ги регулира платите да речеме, не важи, туку ќе важи, новиот којшто им го понудивме, а во овие две-три години додека имаме колективен договор. Тоа беше нашиот предлог, значи тие го прифатија ова, но не го прифатија овој дел во којшто ние бараме измена на општиот колективен договор. Зошто? Затоа што тука некој беше политички заробен, односно сакаше да нанесе штета“,
потенцираше Мицкоски и додаде дека они како Влада тоа го нудат и е на маса.
„Ова треба да го слушнат сите административни службеници, дека ние како Влада ова го нудиме и е на маса.“
