Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш ја обвини власта дека инсистира да има брзи избори „по цена на здравјето на граѓаните“.
Во интервју за Курир вели дека и тој смета дека избори се неопходни, но штом има услови за тоа.
Мицкоски го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев и дека тргува со националните интереси, а дека граѓаните се жртви на пропаганда.
„Кога интересите на неговото потесно се засегнати, тогаш имаме гард, а за се друго е подготвен да преговара и продава. Тука нема дилеми за сите граѓани на Република Македонија, за се. Што и да кажува, што и да соопштува, во што и да се колне, сметајте дека ако има и една минута шанса, се ќе биде на пазар, се ќе биде предмет на трговија, со исклучок на интересите на неговото потесно семејство. Е, тука се крева гардот и се бранат позициите. Секој кој има поразлично мислење од ова што јас го кажувам е жртва на пропагандата на СДСМ и Заев. А таа пропаганда ќе се засилува како минува времето, затоа ги молам граѓаните да внимаваат и да не бидат жртва на пропагандата на СДСМ и на Зоран Заев“,
вели Мицкоски.
