Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, вчера се врати дома. Тој во гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница беше пречекан со аплауз, а видео од дочекот беше споделено на Фејсбук
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со младиот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 лице од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност. Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат“,
напиша Мицкоски на Фејсбук.
Јован, како што посочи премиерот, не е само херој, туку е и симбол на една нова генерација која знае да направи разлика.
„Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи“,
додава Мицкоски.
Тој исто така информира дека на Јован ќе му биде доделена стипендија, како знак на признание за неговата храброст и човечност.
„’Алкалоид’, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот“,
истакна Мицкоски.
Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, вчера се врати дома. Тој во гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница беше пречекан со аплауз, а видео од дочекот беше споделено на Фејсбук.