„Посебно силна порака која доаѓа од нашето Кичево – падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење. Покажавме што можеме кога сме обединети, соработувавме различни вери против оние кои го влечеа градот надоли. Ова покажа дека можеме да се обединиме сите. Победија соживотот и вербата во вредности. Победи идејата дека Македонија е дом за сите. Падна митот дека Кичево е нивно или наше. Кичево е на кичевчани“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Вечерва сакам да објавам важна вест – голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој се сомнваше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ви благодарам, мој народе, ова е заедничка победа, победа на вербата, надежта, копнежот за иднина, ова е победа на напатениот народ, соништа за кои се бориме, надежта и заедничката татковина. Македонија и овојпат покажа зрелост, изјави вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој соопшти дека нивните кандидати на локалните избори во вториот круг победиле во Скопје, Карпош, Аеродром, Чучер Сандево…
„Беше жилава и тешка борба, со многу предизвици, се одлучуваше во 5 до 12. Знаете дека не заслужува ниту името да му го спомнам, се обиде да профитира на национални и етнички поделби, не успеа. Брвеницва останува со наш градоначалник. Победивме и во Валандово, Дојран и Крушево, кои досега имаа градоначаници на СДСМ. Победивме и во Кочани, нашето Кочани, кое мораме да го издигнеме и покткрепиме. Имаме победа во Лозово, Могила, Росоман, Македонски Брод, Ранковце, Неготино, Чешиново-Облешево, Виница, Конче, Пробиштип, Демир Капија, во неколку други општини се уште се пребројуваат гласовите. Посебно силна порака која доаѓа од нашето Кичево – падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење. Покажавме што можеме кога сме обединети, соработувавме различни вери против оние кои го влечеа градот надоли. Ова покажа дека можеме да се обединиме сите. Победи соживотот и вербата во вредности. Победи идејата дека Македонија е дом за сите. Падна митот дека Кичево е нивно или наше. Кичево е на кичевчани“,
изјави Мицкоски.
Тој додаде дека поминало и времето на локални шерифи кои граделе кариера преку манипулации само за политички да преживеат.
„Тоа време вечерва завршува и во скопски Карпош. Тоа е порака до сите оние кои мислеа дека со нечесни подземни игри ќе го излажат народот. Вистината им се распрсна пред очи, бомбата што ја спремаа за други им прсна во рака“,
рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека не е среќен за дебаклот на СДСМ и повика на обединување.
„Време е за обединување, за работа, за Македонија што верува во себе. Тие што гласаа различно, ве повикуванме заедно во работата што следи. Тие што не излегоа на гласање и не гласаа за нас – и вашиот глас и вашата тишина ги слушнавме. Оваа победа е обврска кон сите вас што чекате да видите голема промена, ќе работиме за сите. Ве повикувам, следниот пат не останувајте дома, бидете дел од промената и обновата“,
нагласи Мицкоски.
Мицкоски најави дека вечерва ќе замине за Брвеница и Кичево, а веќе утре најави дека ќе отпатува за Брисел.
