Тој додаде дека очекуваат во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од една милијарда долари

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладнево информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија.
„Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија ‘Бурсток’, којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари. Ќе имаме нови високоплатени 1 000 работни места и ова е само почеток“,
објави Мицкоски на Фејсбук.
Тој додаде дека очекуваат во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од една милијарда долари.
„’Бурсток’ има долгогодишно искуство во областа на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, обуката, консултантски услуги и управување со проекти, како и специјализирана во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор“,
додаде Мицкоски во објавата.