Мицкоски се надева на историски резултат на претстојните претседателски и парламентарни избори, сличен на оној од последните локални избори

Уставни измени под бугарски диктат нема да има – ниту сега ниту во иднина, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде власт, ако нема промена на околностите, вели партискиот лидер Христијан Мицкоски.
Според него, тоа што премиерот Димитар Ковачевски сѐ уште остава простор дека ќе се соберат две третини за промена на Уставот е само политикантство.
„Тој негов оптимизам е за мене политикантство бидејќи на тој начин мисли ќе ги држи мобилизирани колку-толку оние малкумина кои преостанаа во штабовите на СДСМ, дека еве само што не се случиле тие измени. Поминаа повеќе од 15 месеци, ние сме нешто повеќе од 5 месеци пред кампања на претседателски избори и ќе видиме и за парламентарни. Остануваме фокусирани на понудата и на историскиот резултат“,
рече Мицкоски.
Мицкоски се надева на историски резултат на изборите, сличен на оној од последните локалните. Очекува победа и на претседателските и на парламентарните избори.