„Која институција во Европа е задолжена да суди дали нечии права се испочитувани. Зборуваме за судот за човекови права во Стразбур. Ние имаме 14 пресуди во Стразбур кои велат дека правата на македонската заедница во Бугарија се повредени и се под рестрикција, а такво нешто нема за бугарското малцинство. И тука се поставува логичното прашање, чии права се повредени?“, вели премиерот
Нема да бидеме подготвени да ги отпочнеме преговорите преговорите во Европската Унија, ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот. Тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може нам да ни гарантира дека тоа е последното барање. Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски во говорот за време на предавањето што го одржа на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор, како дел од неговата посета на Соединетите Американски Држави, каде што македонската делегација следните денови учествува на Самитот на НАТО зборувајќи во врска со нашето отпочнување на преговорите со Европската Унија посочувајќи дека како држава немаме, како што рече, гаранција за последното барање во разговорите со Бугарија.

„Која институција во Европа е задолжена да суди дали нечии права се испочитувани. Зборуваме за судот за човекови права во Стразбур. Ние имаме 14 пресуди во Стразбур кои велат дека правата на македонската заедница во Бугарија се повредени и се под рестрикција, а такво нешто нема за бугарското малцинство . И тука се поставува логичното прашање, чии права се повредени?“,
рече Мицкоски на предавањето.
На темата за ветото за Бугарија, Мицкоски посочи дека треба да се зборува за вистински добрососедски односи, кои според него, треба да бидат двонасочни. Македонските граѓани, како што рече, премногу жртвувале за европската перспектива и имале многу понижувања, за европската перспектива, според него, дале како никој досега.
„Ние не сме политичари со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладат“,
вели тој.
На предавањето Мицкоски рече и дека најголем приоритет на Владата е да се зајакне економијата, а според него, таа не може да расте, ако нема одлучна борба против криминалот и корупција.
„Мораме да се соочиме со криминалот и корупцијата ако сакаме да ја развиеме нашата држава за следната генерација. Има голема коалиција помеѓу одредени политичари, судии, обвинители и бизнис елита, и ние мора да ја разбиеме таа коалиција, во спротивно ќе потфрлиме исто како сите наши претходници и би биле поразени“,
рече Мицкоски.
Според владината прес-служба, Мицкоски на предавањето истакнал дека трите најважни работи со кои ќе ја зајакнува економијата ќе бидат инвестициите во енергетиката, интерконекторот на гас, како и вложувањата во инфраструктурата.
Мицкоски на предавањето зборувал за актуелното прашање со Украина, за штоп посочил дека земјата е голем донатор за Украина, односно дека сме меѓу топ пет доставувачи на помош по глава на жител во светот.
„Ние не сме толку голема и богата држава, но сме направиле максимални напори во насока да ја поддржиме Украина и украинскиот народ“,
рече тој.
Самитот на НАТО по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на воената алијанса се одржува во Вашингтон од денеска до 11 јули.
На самитот учество зеде и македонска државна делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Во составот на делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.