Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека очекува разумност од бугарските власти за конечно да се тргне ветото за евроинтеграциите на земјата.
„Очекувам разум кај новиот мандатар кај нашиот источен сосед, кај нивниот претседател и конечно оваа вештачка блокада да биде тргната и Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“,
рече Мицкоски.
Тој очекува и ЕУ да застане на бугарските барања, кои ги нарече хегемонистички и непринципиелни. Како што рече, се бараат решенија векови наназад за нешто што треба да го живееме во иднината.
„Тоа е невозможно, ние денеска да бараме решенија за работи што се случиле пред неколку векови и кои се историски факти, а да зборуваме за иднината. Тие работи се контрадикторни“,
изјави Мицкоски.