Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓудругото ќе разговараат и за предвремени парламентарни избори, за кои како што рече, има десетици причини
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и дека очекува покана од него за средба.
Мицкоски вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓудругото ќе разговараат и за предвремени парламентарни избори, за кои како што рече, има десетици причини.
„Резултатите на последните локални избори, во првиот и во вториот круг, мерењето на јавното мислење претходно, имаше вест во која јавноста кажува што очекува, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада бидејќи оваа Влада ја води Македонија во погрешна насока“,
изјави Мицкоски во Дневникот на ТВ Сител.
Тој најави дека веќе е подготвен и дека од понеделник во Собрание ќе поднесат закон за измени на Законот за Влада со кој ќе бараат укинување на пржинската влада, а за предвремени избори нуди договор за една изборна единица, па доколку сака Ковачевски да владее 12 години прво треба да победи на избори.
„Ќе поднесеме закон кој е веќе подготвен за измени на Законот за Влада, во којшто велиме дека е потребно да се избрише тоа коешто до сега го третираше техничката влада, нека се охрабрат еве Оливер Спасовски нели му го држи стравот на моменталниот премиер, ајде да излеземе на парламентарни избори еве вчера вели дека ќе владеел 12 години, ќе бил премиер кој ќе владее 12 години еве можност во скратен рок 45, до 60 дена да излеземе на предвремени парламентарни избори“,
порача Мицкоски.