Средбата со кралот на Обединетото Кралство премиерот ја оцени за искрена и содржајна, велејќи дека таа е признание, почит и поттик да се продолжи по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека за време на престојот во Лондон, каде што учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, остварил средба со кралот Чарлс Трети.

Средбата со кралот на Обединетото Кралство ја оцени за искрена и содржајна, велејќи дека таа е признание и почит, но и поттик да се продолжи по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.
„Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание“,
објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот додава дека во рамките на Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес, има повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратегиска соработка со Обединетото Кралство.
Во Лондон денеска се одржува 12. Самит за Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес кој ги здружува лидерите на земјите од регионот и од Европската Унија со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка и забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.