Од партијата упатуваат честитка до Армин Лашет, кој на денешниот втор ден од конгресот е избран за нов претседател на ЦДУ и е можен иден канцелар на Германија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со потпретседателот Александар Николоски и секретарите за меѓународна соработка Владимир Ѓорчев и Тимчо Муцунски учествуваа како гости на 33. (онлајн) конгрес на ЦДУ.
„ВМРО-ДПМНЕ негува децениско партнерство и соработка со сестринската партија ЦДУ, со која сме членки и на ЕПП, а која од нејзините редови ја даде канцеларката Ангела Меркел, која цела деценија го трасира патот на модерна Европа и е еден од гарантите за европскиот развој, безбедност и стабилност“,
се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата упатуваат честитка до Армин Лашет, кој на денешниот втор ден од конгресот е избран за нов претседател на ЦДУ и е можен иден канцелар на Германија.
Во трката за нов претседател на ЦДУ учествуваа уште двајца кандидати – Фредрих Мерц и Норберт Ротген.
Лашет беше избран во вториот круг гласање.