Во големата сообраќајна несреќа што се случи во Бугарија животот го загубија 45 македонски државјани, а седуммина се повредени

Од донесувањето на телата на 45-те починати во несреќата во Бугарија, власта направи спектакл, а нема ниту морална одговорност, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешниот престој во Прилеп коментирајќи го пристигнувањето на телата на жртвите од несреќата во Бугарија.
Според Мицкоски, тоа не требаше да се дозволи ниту, пак, луѓето кои се виновни и не ги почитуваа правилата сѐ уште да одлучуваат.
„Зачуден сум, што на овој настан му се даде димензија каква што не треба, небаре станува збор за некаков спектакл и што тие луѓе се таму каде што се и одлучуваат, наместо да заминат од власта и функциите. Прашањето е како дозволивме како општество, покрај тоа што ни се случи во модуларната болница во Тетово, а сега да се случи ова во катастрофа да загинат 45 лица и како е дозволено толку пати да ја мине границата тој автобус, и како некој толерира да нема ниту морална одговорност. Затоа се потребни нови луѓе кои ќе го напуштат принципот на неказнивост, туку и ќе го засилат“,
изјави Мицкоски.
Одговарајќи на прашање за енергетската криза и цената на струјата, Мицкоски оцени дека доколку се презеле мерки во април, сега ќе немавме проблем со струјата, а сега, како што посочи, секое решение чини многу пари.
„Ако се преземаа мерки таму некаде април-мај тогаш состојбата ќе беше многу поразлична и неточни се оние тези од владата кои велат дека била ова енергетска криза секаде во Европа. Да, но прашањето е колкава е цената која ќе ја платат. Ако се преземаа мерки наместо да се краде, да се работи да се копа во април мај денеска ќе требаше пари, но немаше да требаат толку, односно ќе требаше два до три пати помалку. Еве најнова информација: ЕСМ набавува електрична енергија бидејќи не ја произведува во декември за првите 12 дена и веќе потроши 6,2 милиони евра. Веќе потроши на јавна аукција 6,2 милиони евра и ја плати историски најскапата цена од 320 -325 евра за мегават/час. Тоа се пари на граѓаните“,
рече Мицкоски.
.