Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат, изјави дека нема намера да биде кандидат на неговата партија за изборите за претседател на државата во 2024 година.

На прашањето дали би се кандидирал за претседател Мицкоски одговори:
„Сигурно не на овие избори“.
Во однос на тоа дали во ВМРО-ДПМНЕ веќе се разговара за ова прашање и дали тој има идеја за можни кандидати на партијата за врвната позиција во државата, Мицкоски вели дека се уште е рано за тоа.
„Не, воопшто немам идеја и, да бидам искрен, воопшто не сум размислувал“,
рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
На забелешката дека „сериозна партија со време ги гради кадрите“, Мицкоски коментираше:
„Видете, дека градиме кадри, градиме, но дека сега јас, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, 18 месеци порано, ќе зборувам јавно, би било малку претенциозно“.
Претседателските избори треба да се одржат пролетта 2024 година кога истекува 5-годишниот мандат на актуелниот претседател Стево Пендаровски.
