Многупати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат, коментира лидерот на опозицијата
, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со евентуалното повлекување на лидерот на СДСМ од премиерското место, што тој го најави синоќа, посочувајќи дека не може да биде локомотива на Владата „доколку има општини кои ќе шират конзервативизам и национализам“, одговарајќи конкретно на прашање за очекуваниот исход од вториот круг за Скопје.
„Многупати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат. Мене ме загрижува ова кое се случува меѓу двата круга посебно политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија која се случува низ Македонија. Треба да знаат граѓаните дека ставањето на „ол-ин“ и ставањето на граѓаните пред свршен чин, клекнувањето на државата од владејачкото дуо СДСМ – ДУИ има само една цел – да ги задржат привилегиите од власта и заедно да продолжат ортачки да крадат од тендерите и да ги пљачкосуваат граѓаните“,
изјави Мицкоски во Гевгелија.