Но, како што рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за таа одлука нема да се водат од политичкиот, туку од интересот на државата
Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста по локалните да се распишат предвремени парламентарни избори за, како што вели, да се обезбеди уште еден четиригодишен мандат.

За време на денешната посета на Струмица, Мицкоски изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на годинашните локални избори, логично е да се оди и на предвремени парламентарни избори. Но, како што рече, за таа одлука нема да се водат од политичкиот, туку од интересот на државата.
„Ако тоа го гледаме како политичка одлука, би се согласил, но ако го гледаме од државна логика, тогаш поинаку размислуваме. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки“,
изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот бизнис-форум во Струмица.