Можат да се лутат само на дијагнозата. Иако не сум лекар, но вака како инжињер можам да им ја доделам, а тоа е дека тие се ван паметот. Затоа народот и ВМРО-ДПМНЕ велат не. Погледнете го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери на други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од премиерот кој го плаќаме со народни пари. Доживеавме да се редат понижување до понижување, изјави Мицкоски во Штип
На Македонија и се случува распад на системот. На Македонија и се случува целосно киднапирање на институциите од страна на една мафијашка група која се преставува како Влада. Сигурно некој ќе рече дека Христијан и ВМРО преувеличуваат, но еве погледнете ги состојбите. Се случува масовен егозодус на народот. Се случува систематско осиромашување на граѓаните. Се случува колапс во секој сегмент, здравство, образование, земјоделие. И владата непоместува ништо со мал прст тоа да го спречи, изјави вечерва во Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Имаме само максимално организиран криминал дозволен и спроведен од власта на ДУИ и СДС и ја имаме Македонија, за жал се помалку и помалку. И оваа арогантна и одлепена власт уште има храброст да каже дека тие биле Европа. Епа господа од власта, нема европска земја во која некој би бил министер после вакво фијаско. Во Европа после ваков колапс не чекаат редовни избори, туку си потпишуваат оставка и ги напуштаат фотелјите после вакви неуспеси“,
истакна Мицкоски.
Зарем Европа е кога министер од ДУИ ќе даде два милиони евра на фирма која внимавајте, претходно била донатор на ДУИ и ги дала тие пари за да му организира на истиот тој министер политички настан, праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Зарем Европа е кога првиот човек на владата добива државно земјиште по едно евро и тоа од државата чиј што премиер, вештачки поставен, безнароден, без легитимитет ја води. Зарем Европа е кога се делат 215 пасоши на светски криминалци, нарко дилери и убијци, додаде тој.
Мицкоски се осврна и на уставните измени нагласувајќи дека тие се „полоши од катастрофата во секоја друга област затоа што се натурени, наметнати и диктирани од надвор и народот е против во огромно мнозинство“.
„Самите велеа, Пендаровски и СДСМ дека било внимавајте ќе потенцирам ‘ван памет’ да се менува повторно Уставот, и после три години еве ги истите тие актери повторно не убедуваат дај да го смениме Уставот за да можеле да дојдат НАСА или што уште не. Но, можат да се лутат само на дијагнозата. Иако не сум лекар, но вака како инжињер можам да им ја доделам, а тоа е дека тие се ван паметот. Затоа народот и ВМРО-ДПМНЕ велат не. Погледнете го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери на други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од премиерот кој го плаќаме со народни пари. Доживеавме да се редат понижување до понижување“,
посочи Мицкоски.
Според него, францускиот претседател Емануел Макрон им ја кажал вистината и ЕУ им испратила абер.
„Велат тие биле Европа. Па прашајте го францускиот претседател покрај сите остапки, сите понижувања кои ги прифатија, јасно вели дека нема ЕУ. И што после тоа. 2030 ни ја продаваат за светлата година која треба да дојде во состојба кога нема гаранции ни дека државата ќе стане членка на ЕУ до 2063 година. Македонија, драги браќа и сестри, е уморна од ветувања на европски бирократи кои не тапкаат по рамото ветувајќи работи кои не доаѓаат. Македонија е уморна од политичари на власт кои само за да ги задржат фотелјите спремни се и душата да си ја продадат, само за да уживаат во привилегиите додека народот живее на ивица, на раб на издржливост. Со оваа власт сме се далеку од ЕУ“,
истакна лидерот на најголемата опозициска партија.
Тој побара поддршка од народот на парлементарните избори со цел, како што рече, да ја потврдат историјата која заеднички ја испишале на локалните избори.
„Заедно со вас за неколку месеци од денеска на парламентраните избори да ја запечатиме оваа историја и да победиме со мнозинство во македонскиот парламент. Многу е важно таа победа да биде голема. По се ова што го направивме изминатиов период, многу е важно таа победа да биде со мнозинство во македонското Собрание. Затоа што еве стојам од овде пед вас ве гледам во очи и ви велам да сигурно на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со голема победа. Но, нема да е доволно таа победа да биде со помал број од 61 пратеник“,
порача Мицкоски во Штип.