Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Сител, кажа дека веќе дефиниралe отприлика 15-тина имиња како кандидати за градоначалници. Тој не спомена конкретни имиња, но истакна дека станува збор за комплетно нови лица во општините каде што ќе се кандидираат.
„Она што е важно е дека сите оние 15 споредено со потенцијалните имиња од СДСМ кои што очекуваме да ги слушнеме, се победници, бидејќи се многу поразлични, би рекол и луѓе кои што имаа што да понудат споредено со тие од СДСМ. Денеска прочитав еден интересен текст во кој се вели даваат многу ветувања, а уста не отвораат за старите кои што ниту едно не го реализирале, чуден метален склоп и чуден некој начин на водење на политика. Ајде да ветуваме, а ќе заборавиме претходните четири години што сме говореле како невистини и сме го мамеле народот“,
рече Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Сител.
Конечната листа на кандидати за градоначалници од најголемата опозициска партија Мицкоски вели дека ќе биде објавена во септември, за што претходно ќе го свика Централниот комитетет на партијата.