Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави, најави лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, толкувајќи ги денешните настани во Собранието како тероризам. Мицкоски во објава на „Фејсбук“ го повика и претседателот на државата да реагира, со обвинување дека законите не важат за власта.
„Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница“
напиша Мицкоски.