Тој потврди дека имало информации за наводни забрани за точење нафта на некои бензински пумпи по 22 часто, но инспекциите, како што информира, се постојано на терен
Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски.

„Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заеднички беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред сè. Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира. Имаме неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсолутно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните“,
изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“.
Тој потврди дека имало информации за наводни забрани на точење нафта на некои бензински пумпи по 22 часот, но инспекциите, како што информира, се постојано на терен.
„Имаше такви информации, ДПИ е на терен, имаме информации што се случува, секое девијантно однесување ќе биде санкционирано согласно закон. Ние како влада апсолутно застануваме зад граѓаните, тие се нашиот интерес кој мора да биде одбранет и ние тоа го правиме скоро две години“,
повтори Мицкоски.
Според него, државните резерви се отприлика над 62 дена, во однос на вкупната дневна потрошувачка на нафта и нафтени деривати, што не е проблем и се на највоисоко историско ниво согласно законот, треба да постои методологија како да се дојде до 90 дена.
„Тоа не значи дека ние во моментот треба да имаме, туку се носи преку Министрството, а ние таа методологија ја имаме донесено, и ќе дојдеме до 90 дена“,
рече Мицкоски.
На прашањето дали е загрижен од нов инфлаторен шок со оглед на војната на Блискиот Исток, премиерот одговори дека Владата будно ја следи состојбата и ако треба, ќе интервенира.
„Можноста за нова инфлација, ако потрае кризата во Заливот, е возможна и апсолутно е на маса и ние согласно развојот на настаните, така реагираме. Ние не сме политичка гарнитура што сака да внесува страв, туку сме политичка гарнитура која ги антиципира предизвиците, нуди решенија и се труди да има поинаква атмосфера во општеството“,
нагласи Мицкоски.
