Премиерот денеска и утре учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан, каде што главни теми ќе бидат имплементацијата на Планот за раст на Западен Балкан, напорите на регионалната интеграција, како и можностите за натамошно унапредување на постепената интеграција меѓу ЕУ и регионот
Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел имаше средба со заменик-претседателката на Европската комисија и висока претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
На својот фејсбук-профил објави дека на средбата е истакната потребата Европската Унија да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон Унијата.
„Македонија заслужува да оди напред во интеграциите“,
напиша Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска и утре учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан, каде што главни теми ќе бидат имплементацијата на Планот за раст на Западен Балкан, напорите на регионалната интеграција, како и можностите за натамошно унапредување на постепената интеграција меѓу ЕУ и регионот.
Во Брисел заедно со Мицкоски се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани.
Утре Мицкоски ќе учествува и на самитот на Европската народна партија (ЕПП), кој ќе се одржи пред средбата на шефовите на држави и влади или влади на членките на ЕУ.