Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска остварил работна средба со холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. На средбата присуствувал и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на партијата.
Според соопштението од опозициската партија, Мицкоски на средбата ја нагласил стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство во ЕУ базирана на вредности и стандарди наместо уцени кои не соодејствуваат со основачките договори на Унијата. Соговорниците ја афирмирале и потребата од оддржување на фер и кредибилни локални избори оваа есен.

„На средбата Мицкоски се заблагодари на принципиелната поддршка на Холандија насочена кон потребата од реформи на владеењето на правото, но истовремено нагласи дека Македонија останува најкорумпирана земја во Европа која во последните години не успеа да преземе конретни чекори во справување со системските недостатоци“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ