Социјадемократскиот сојуз се огласи по денешната изјава на претседателот на ВМРО ДПМНЕ дека по преземањето на власта, многу актуелни политичари ќе бидат повикани на одговорност.
„Шокантно е тоа што Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев се обидоа по секоја цена да ја дестабилизираат државата и да ја одвратат од европскиот курс, да ја втурнат во поделби и неизвесност. Откако тие сценарија пропаднаа, на Мицкоски му останаа само фрустрациите и нервозите кои ги преточува во очајнички закани. Може Мицкоски да лаже и да се заканува, но ништо не го менува фактот дека тој постојано е на погрешната страна на историјата, на спротивната страна од националните и државните интереси“,
пишува во реакцијата од СДСМ.
Тие сметаат дека и покрај ноторните факти, Мицкоски и натаму лаже кога се работи за идентитетот и македонскиот јазиик и работи на штета на државните и националните интереси.
„Мицкоски прво лажеше за наводна бугаризација и асимилација, потоа лажеше за кодификацијата, а сега самиот себеси не се разбирал за македонскиот јазик. Мицкоски се прави дека не го разбира она што секому му е јасно – македонскиот јазик влегува во ЕУ со чиста формулација, без никакви дополнителни фусноти и објаснувања“,
велат од СДСМ.
