„Ова се парламентарни и претседателски избори, масовната излезеност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина“, рече Мицкоски

Масовната излезеност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина, да ги победиме сценаријата на партијата која нема „е“ од европски, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако ја исполни својата граѓанска должност и гласаше на денешните избори.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат, затоа што, како што рече, само на тој начин може да се одлучи за заедничката иднина.
„Ова се парламентарни и претседателски избори, масовната излезеност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина“,
рече Мицкоски.
Мицкоски рече и дека за време на кампањата предупредувал на две можни сценарија кои денеска, додаде тој, гледаме дека се реалност.
Првото сценарио, рече Мицкоски, е на онаа група политичари кои во своето име го имаат зборот „европски“, а од „европски“ немаат ниту „е“. Тие за жал се уште се заглавени во минатото, се уште се заглавени во 18-тиот век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики кои што овие политичари кои што во своето име „европски“ ја злоупотребуваат Европа. Јас сум убеден дека дури и Европа се срами од овие луѓе, рече Мицкоски.
На новинарско прашање ако стане премиер каков ќе биде неговиот став кон Косово, тој потсети дека токму владата на ВМРО-ДПМНЕ ја призна независноста на Косово.
„Ставот на Македонија кон Косово е многу јасен. Не знам дали во Косово ја имате таа информација дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја призна независноста на Косово или уште верувате во лагите на Артан Груби и Али Ахмети“,
додаде Мицкоски.