Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на својот фејсбук-профил објави фотографии од колони возила на граничниот премин Табановце за излез од земјава кон Србија
Тоа што македонските граѓани викендов во голем број заминаа на вакцинација во Србија, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ е слика за неспособноста на Владата.
Лидерот Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук-профил објави фотографии од колони возила на граничниот премин Табановце за излез од земјава кон Србија.
Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа…
Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, March 27, 2021
„Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре. Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта. Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата. Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам. Ова нема да се заборави, одговорност ќе има“,
напиша Мицкоски.