На самитот е најавено учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како и на еврокомесарката за проширување Марта Кос
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Брисел ќе учествува на самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз.

Самитот е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција. Тоа е прв настан од ваков тип, а преку телевизиски пренос ќе се емитуваат обраќањата и дебатите на учесниците на овие, според Еуроњуз, револуционерни разговори за иднината на европската интеграција.
На самитот е најавено учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и на претседателите на Молдавија, Србија и Украина, како Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, но и на премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ.
