„Владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби што ќе претставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка“, соопштија вечерва од владината прес-служба
Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија, соопштија вечерва од Владата.

Премиерот, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, ќе учествува на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес.
На маргините на Самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, предвидено е премиерот да одржи голем број билатерални средби.
„Владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби што ќе претставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка“,
се вели во соопштението од владината прес-служба.