Народот е оној кој одлучува кој ќе биде премиер, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, што мисли за идејата која ја промовира ДУИ за премиер Албанец.
Мицкоски беше дециден дека тој е кандидат за премиер од неговата партија и дека од СДСМ е Зорн Заеев, а очекуваат и третиот наскоро да го соопшти ДУИ.
„Ние и во минатото имавме предлог до партиите за тн. шпицен кандидат и гледаме дека од ДУИ ја прифатиле оваа идеја за таква понуда. ВМРО-ДПМНЕ беа јасни кој е кандидат за премиер, а тоа сум јас, СДСМ исто така го номинираше Зоран Заев. Името на третиот се уште не сме го слушнале, се надевам ќе го кажат деновиве. Народот е тој што одлучува кој ќе ја предводи владата“,
рече Мицкоски.
На прашањето дали во врска со датумот на избори се договорал со лидерот на ДУИ Али Ахмети, бидејќи се создал таков впечаток, Мицкоски рече дека овие денови делувал синхронизирано со Зоран Заев и дека нема никаква комуникација со Али Ахмети.
„Значи, договарањето за тоа кога да се случат овие избори е со некој друг политичар, а тоа не е Али Ахмети. Ние се обидуваме да се избориме за нашиот простор меѓу граѓаните, да стекнеме доверба што е можно повеќе, да ја презентираме нашата програма. Се разбира дека ќе има и вакви и поинакви впечатоци но тоа го оставам на граѓаните“,
рече Мицкоски.