„Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10 000 нови вработени и над 7 000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина“, наведува премиерот во објава на Фејсбук
Ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, се зголемува бројот на вработени, а во пораст е и трговската размена, вели премиерот Христијан Мицкоски во објава на социјалните мрежи, повикувајќи се на најнови податоци, кои, како што пишува, го потврдуваат она за кое се залагаат како Влада.

Премиерот наведува дека стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти што, како што вели, е за еден процент помалку во однос на истиот, втор квартал, од лани.
„Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10 000 нови вработени и над 7 000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина“,
вели Мицкоски на Фејсбук.
Добра вест, наведува тој, е и надворешната трговија, бидејќи, според податоците извозот во јули пораснал за 4,69 проценти, додека увозот за 4,35 проценти. Во периодот јануари-јули,пак, вели тој, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти, вели премиерот
Мицкоски посочува дека вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период минатата година.
„Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој“,
наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук.
Објавата на Мицкоски доаѓа во период кога сè погласни се критиките што доѓаат од опозицискиот СДСМ, од каде ја обвинуваат власта дека поради лошите политики и недостатокот на мерки економската состојба во државата е вложена, а граѓаните живеат сè потешко.
Ставот на партијата околу ова прашње, во интервју за „Слободен печат“ повторно го истакна нејзиниот лидер, Венко Филипче, кој, меѓу другото вели дека растот на бруто-домашни Calibri от производ со кој се фали премиерот Мицкоски е само на хартија, бидејќи тој раст во секојдневниот живот граѓаните не го чувствуваат.
Според Филипче инфлацијата е толку многу зголемена што го надминува процентот на раст на бруто-домашниот производ.
„Не може да манипулира ниту владата, ниту премиерот, само со едни одредени бројки, кои што се само бројки на хартија, не употребувајќи ги при тоа механизмите кои што владата ги има, да ги исконтролира цените, да ги намали, да ги стави под контрола на големите компании и тоа граѓаните да го почувствуваат“,
вели Филипче.