Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека располага со информации за анексот со 12 точки што го споменува бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов и тврди оти е со исклучително лоши позиции за Македонија.
Каракачанов во интервју за бугарската телевизија „Нова“ рече дека земјава може да добие зелено светло за преговори со ЕУ уште во јануари или февруари ако потпише анекс со 12 точки кои ќе допрецизираат одредени работи од Договорот за добрососедство.
Мицкоски преку Фејсбук реагираше на оваа ијзава на Каракачанов и вели дека уште пред три месеци предупредил дека анекс постои.
„Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини. Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет. Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?“,
напиша Мицкоски.