„Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60 000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90 000 денари“, рече премиерот
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, соопшти дека има 17 советници. Од нив, како што посочи, тројца или четворица се со полно работно време во Владата и тие земаат месечен хонорар во висина од 90 илјади денари.
„Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60 000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90 000 денари“,
рече претседателот на Владата.
Мицкоски ја прифати забелешката на новинарите дека на веб-страницата на Владата не се објавуваат соопштенија од владините седници.
„Ќе се потрудиме веднаш по оваа прес-конференција сите соопштенија што недостасуваа, да ги објавиме на страницата на Владата“,
рече Мицкоски.
Имено, на официјалната веб-страница на Владата не може да се најде информација за тоа кои се надворешните соработници на премиерот. Во делот за надворешни соработници, наведено е дека на линкот може да се преземе табелата со нивните имиња, но линк нема.