Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот веќе петта година е опиен со апсолутна власт
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го спореди вечерва премиерот Зоран Заев со францускиот крал Луј 14, коментирајќи дека „додека народот го истура својот род, тој се вози со ново патничко возило „бе -ем – ве“, кое чини 100.000 евра“.
„Тој, всушност, е еден мал Луј 14, само во една современа балканска верзија, кој се раководи според принципот ‘државата тоа сум јас’, па опиен од апсолутната власт, петта година по ред, смета дека може да управува и со животите и судбините на луѓето. Таквиот балкански Луј 14-ти нема никакво чувство за тоа како живеат луѓето на Македонија, за нивните тешкотии. Овој балкански Луј 14-ти се вози во најнова марка патничко возило ‘бе-ем-ве’, вредно 100 илјади евра, има плантажи со марихуана, самиот си кажува дека неговата империја тежи милиони евра. И додека народот нема за леб, додека народот го истура грозјето, тој ужива во луксуз“,
обвини Мицкоски, на предизборен собир во Чашка.