На прашањето дали има политичка партија што чека да влезе во Владата, без разлика дали станува збор за ДУИ, Алијанса на Албанците на Зијадин Села, на Арбен Таравари, Мицкоски одговори дека имаат исклучително квалитетни односи во рамки на владината коалиција и оти во овој момент не се заинтересирани за промена на нејзината структура
Примерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година.

Мицкоски во интервју за Ора24.тв, на прашањето дали ќе има предвремени избори, нешто што опозицијата го споменува во повеќе наврати, нагласи дека приоритет на Владата се реформите и нивно испорачување за граѓаните.
„Граѓаните, меѓународната заедница и ние во владата сме фокусирани на реформи и испорака за граѓаните. Тоа претставува наш приоритет. Фројд кога работи во опозицијата е повеќе од страв и сега тие тоа повеќе го артикулураат од страв дека знаат каков дебакл ќе доживеат и на следните парламентарни избори, дека ќе изгубат и сметам дека на следните избори ќе имаат и полош резултат од тој што го имаа во 2024 година, кој беше историски најнизок резултат, кој потоа го потврдија на локалните избори. Оваа година нашиот фокус е во консолидирање и економски раст на државата. Иако имаме многу предизвици, зборувавме на почетокот, ние сме само тука фокусирани и концентрирани и се фокусираме на редовни парламентарни избори што ќе се случат во 2028 година“,
истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека ќе сторат сè што е нивна моќ за да ја одржат кохезијата во рамки на Владата, нагласувајќи дека имаат мнозинство, дека Владата е стабилна и имаат 61 пратеник во парламентот.
Реконструкција на Владата најави за мај-јуни и нагласи дека во моментот е фокусиран на партиската структура и доекипирањето, кое треба да се направи и очекува да заврши до крајот на април.
На прашањето дали има политичка партија што чека да влезе во Владата, без разлика дали станува збор за ДУИ, Алијанса на Албанците на Зијадин Села, на Арбен Таравари, Мицкоски одговори дека имаат исклучително квалитетни односи во рамки на владината коалиција и оти во овој момент не се заинтересирани за промена на нејзината структура.
За случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби и дали од него се добиени информации за евентуални нелегални активности и кој повеќе треба да се плаши од него – СДСМ, ДУИ, ВРЕДИ, Мицкоски смета дека листата е долга.
„Во интерес на истрагата и тие информации што ги имам, не би сакал премногу длабоко да навлегувам во чувствата на поединечни сегашни и поранешни политичари, но не треба никој да се плаши ако не направил нешто спротивно на законот. А, треба да се плашат сите оние што направиле нешто спротивно на закон, без разлика на кој политички дрес му припаѓаат“,
нагласи Мицкоски.
Во однос на обвинувањата од опозицијата за мигрантите, Мицкоски истакна дека нема покредибилен извор од амбасадорот на Обединетото Кралство кој, како што рече, самиот кажал дека ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори на тема мигранти од Обединетото Кралство кои би биле прифатени тука.
„За да не бидам погрешно сфатен, не само што нема да има мигрантски кампови, туку нема да има никаква опција и во однос на тие што ги нарекуваат неуспешни апликанти за азил. Нека најдат еден таков случај, тогаш ќе излеземе јавно и ќе се извиниме. Но нема поголема кредибилност од самиот амбасадор, кој јасно рече дека такво нешто нема“,
нагласи Мицкоски.
