Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Студио 10“ на ТВ 24 утрово излезе со обвинувања дека премиерот Зоран Заев ветувал исполнување на бугарските барања.

Мицкоски тврди дека лично Бојко Борисов му признал дека Заев ги дал овие ветувања уште во периодот кога беше опозиционер.
„Ме прашавте за Борисов, мене лично ми има кажано дека ова што денеска го бараат е ветено од Зоран Заев. Не сум присуствувал на тој муабет, не можам да ја потврдам веродостојноста на таа информација, се оградувам, но лично јас сум го слушнал од него. Кога овој бил опозиционер и кога бил градоначалник, бил кај него и ова го ветил само да дојде да биде премиер“,
рече Мицкоски.