Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара соочување со премиерот Зоран Заев околу преговорите со Бугарија, но и на други актуелни теми.
„Бидејќи ние не знаеме за што се преговара и до каде се тие преговори и дали воопшто нешто се преговара, сакам јавно од тука да упатам една покана до Зоран Заев бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат. Било која телевизија еве нека организира едно соочување, за да можеме јас и тој да разговараме за тоа што се преговара. Каков е тој роуд-мап, кои се тие услови, а кои не биле поврзани со идентитетот. Но, и за други теми треба да разговараме пред граѓаните“,
изјави Мицкоски во интервју за Сител.
Тој рече дека за ВМРО-ДПМНЕ кој било договор или рамка која што ќе ја опфати дури и една запирка која што може да го начне идентитетот на македонскиот народ ќе биде неприфатлив.
„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да разговара, ниту да преговара поврзано со тоа начнување на македонскиот идентитет“,
рече Мицкоски.
