Заев очигледно не ја свиткал доволно кичмата, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и оценува дека е доведена во прашање европската перспектива на земјата
Доведена е до знак на прашање европската перспектива на Македонија, под раководство на Зоран Заев. Поразена е неговата политика на свиткана кичма. Очигледно е дека доволно не ја свиткал кичмата, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денеска премиерот Заев објави дека е поставена првата пречка од Бугарија, на амабасадорскиот состанок на ЕУ во Брисел.
Мицкоски бара оставки во Владата, предлага лидерска средба, како и формирање влада за национален спас и нови предвремени парламентарни избори, кога за тоа ќе се создададт услови.
„Она што денеска ни се случи е уште еден доказ за националната катастрофа што им ја донесе Заев, и на македонската нација, на граѓаните на Македонија без разлика на нивниот етнички состав, и на македонската држава. И во име на тоа најчесно би било тој и неговиот тим на политичари веднаш да заминат, да дојдат луѓе кои што ќе ја креваат Македонија од оваа положба во којатие ја донесоа. Затоа веднаш да ги напуштат позициите и да организираат предвремени избори, во термин во кој здравствените услови ќе дозволат. А веднаш сега можеби треба да почнеме да размислуваме за една идеја што ја почна Алијансата за Албанците, а тоа е една влада за национален спас, техничка влада или некој друга друга форма“,
рече Мицкоски.
Тој посочи дека очекува „нашите партнери од ЕУ го ревидираат нивниот став и веќе на министерско ниво или на премиерско ниво да го корегираат, така што Македонија, без разлика дали со оваа или некоја идна влада, ќе гопочне процесот на преговори со ЕУ.
„Ова се неспособни политичари, луѓе кои не доведоа до бездната. Не станува збор само за блокадата што денеска ја добивме. Поразена е политиката на Заев и во здравството и во образованието, а за друго не ни сакам да зборувам. За првпат граѓаните се беспомошни и чувствуваат дека системот не функционира, дека тонеме од ден во ден. Затоа веднаш да се седне. Понудивме лидерска средба, токму заради овие работи да ги разговараме, понудивме начин како да излеземе од сето тоа. Еве начин веднаш да се седне и да разговараме да видиме како понатаму со нашата држава“,
изјави опозицискиот лидер.