Во интервјуто за „Фокус“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека и покрај тоа што земјава е на помалку од шест месеци од одржувањето на изборите и натаму не се разговара за завршната верзија на Изборниот законик, и покрај препораките на ОДИХР шест месеци пред изборите Изборниот законик треба да биде затворен
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за новиот број на неделникот „Фокус“, кој излегува вечерва, го повикува лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на лидерска средба. На средбата, како што посочува Мицкоски, би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес.
„Димитар Ковачевски како премиер мора да свика состанок со лидерот на опозицијата, подготвен сум во кое било време да разговараме за дата за претседателски избори, за парламентарни избори, што ќе се склучи со Изборниот законик. Знаете, има ‘помали’ политички партии што бараат една изборна единица“,
вели Мицкоски.
Во интервјуто за „Фокус“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека и покрај тоа што земјава е на помалку од шест месеци од одржувањето на изборите и натаму не се разговара за завршната верзија на Изборниот законик, и покрај препораките на ОДИХР шест месеци пред изборите Изборниот законик треба да биде затворен.
„Ниту, пак, се упатува покана за набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР“,
вели Мицкоски во интервју за новиот број на „Фокус“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека освен прашањето за менување на Уставот, кое наскоро ќе биде затворено, власта и опозицијата мора да разговараат и за други важни прашања бидејќи, како што вели, опозицијата не може да ги гледа процесите од страна.