Ги замолувам да не прават театар, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието и ќе бидат во салата на 36-та седница, но не и на претходната. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски на прес-конференцијата предмалку во Собранието, заедно со сите пратеници рече дека не отстапувааат од овој став, денеска да се гласа само за петтиот пакет антикризни закони.
„Овие закони можеа да бидат донесени уште во четвртокот, но поради тврдоглавоста и инаетот н власта тоа не се случи“,
рече Мицевски.
На прашањето, како ќе реагираат на најавата дека власта ќе обезбеди мнозинство со пратениците кои се во изолација со ковид и кои ќе дојдат во Собрнието со скафандери, Мицевски рече дека таков протокол не постои и дека тоа значи дека ќе го пратениците ќе го прекршат законот и ќе го загрозат јавното здравје.
„Законите важат за сите граѓани, и за пратениците. Ако се дрзнат да го загрозат здравјето, ќе ги прекршат законите. Како после ќе бараме од граѓаните да ги почитуваат законите? Ги замолувам да не прават театар“,
рече Мицевски.
Тој најави дека ќе му предложи на спикерот Џафери натаму да закажува ковид-седници, на кои ќе бидат само закони кои се поврзани со пандемијата, било да се здравствени или финансиски.