Порталот Религија.мк пренесува дека владиците Наум и Тимотеј заминале во посета на Вселенската патријаршија каде што оствариле средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Владиците биле дел од делагациите за приемот на новиот кипарски архиепископ, а во текот на настанот се чита дека патријархот Вартоломеј за време на говорот посебно ги поздаравил двајцата македонски архиереи, како гости од Охридската архиепископија.
Од МПЦ–ОА официјално сè уште нема детали за посетата, а од страна на Вселенската патријаршија, пак, не се соопштува дали деновиве било разговарано за Томосот што Вселенскиот патријарх треба да го издаде за автокефалноста на МПЦ–ОА.
