„Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија“, напиша Јанчев на Фејсбук

По третпат Кавадарци избра работа, чесност и резултати. Со овие зборови кандидатот за градоначалник на Општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, прогласи победа уште во првиот круг од локалните избори.
Јанчев на Фејсбук напиша – „Соодносот е неверојатен – 7:1 за работа, чесност и резултати“.
„Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија! Ви благодарам од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што ја покажавте! Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот“,
напиша Јанчев.
Тој упати благодарност и честитки до кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и до сите кои, како што вели, застанале зад оваа победа. Јанчев порача дека Кавадарци треба да биде пример за развој, чесност и успех.