Апсолутно е нормално да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за ова прашање. Ова се последните изгубени избори, четврти по ред – загуби на локалните избори, го загуби референдумот, претседателските и сега парламентарните избори, вели за бугарската агенција БГНЕС градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, откако неговата партија ги загуби предвремените парламентарни избори.
„Јас воопшто не разбирам зошто не го признаваат Договорот за пријателство со Бугарија, како и Договорот од Преспа. Во принцип, ова е лоша политика и лошо раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Мора да има приземјување на лидерството, вклучително и промена. Ова се нештата. Нема ништо друго“,
вели Јанчев.
Според него, на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се потребни единство и кохезија за да ги врати своите традиционални гласачи.
„Нашата партија падна од 470 000 на 320-340 000. Дури и околу 300 000. Оваа бројка само по себе докажува дека нешто не е во ред“,
истакна Митко Јанчев.
На прашањето дали ќе се приклучи кон промените во ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично вели: „О, да, ќе се придружам!“
Градоначалникот на Кавадарци побара што поскоро да се формира влада за државата да може да функционира нормално.