Во пресрет на гласањето доверба на владата на Кирил Петков, пратеничката од партијата на Слави Трифонов – Има таков народ (ИТН), Ива Митева, вели дека се зборува оти и други пратеници од нејзината партија може да ја поддржат владата. Досега петмина пратеници ја напуштија ИТН по одлуката на Трифонов да излезе владата
Притисокот врз пратениците на Има таков народ (ИТН) продолжува, изјави за БНТ пратеничката од редовите на ИТН, Ива Митева, додавајќи дека се зборува оти и други пратеници може да ја напуштат партијата и да ја поддржат владата.
Во пресрет на гласањето доверба на владата на Кирил Петков, иницирано од ГЕРБ на Бојко Борисов, Митева вели дека има обиди за врбување и други пратеници од ИТН.
„Ќе видиме како ќе гласаат колегите. Ќе видиме дали некој ќе се откаже. Се шпекулира дека ќе има колеги што ќе се свртат. Се надевам дека нема“,
рече Митева.
Tаа вели и дека нема номинација од ИТН за претседател на парламентот откако вчера претседателот на бугарското Народно собрание, Никола Минчев, беше разрешен со 125 гласа „за“ во 240-члениот парламент.